Компанијата Microsoft ненајдено и поради сличните имиња на последните две верзии на конзолата Xbox, ја зголеми продажбата на старата конзола за речиси 750 проценти!
Моментно актуелен е Xbox Series X, а луѓето масовно го купуваа Xbox One X, што е издание на конзолата од претходната генерација.
Работата да биде уште полоша, Xbox Series X чини 499 долари, односно евра, додека најмоќното издание на Xbox One X конзолата со диск од еден терабај чини 409 долари (евра), што дополнително ги збуни корисниците. Странските медиуми пишуваат дека наскоро голем број купувачи ќе сфатат дека згрешиле, бидејќи ја купиле погрешното издание на Xbox конзолата!
Благодарение на конфузијата со имињата, а реално само еден збор ги разликува Xbox One X и Xbox Series X, популарноста на старата Xbox конзола толку скокнала, што од 2804 позиција според популарноста, стигнала до 331. место на сајтот на Amazon. Притоа, можно е при купувањето на старата Xbox конзола удел да имало и тоа што страниците на Xbox Series X биле паднати, односно вон употреба неколку часа на сите онлајн продавници, па луѓето (од незнаење или наивност) посегнале по старата верзија.
Xbox One X sales rank is up 747% on Amazon lol…
Wonder how many people bought an Xbox One X instead of an Xbox Series X https://t.co/atj4thPwqD pic.twitter.com/CUzRkib3Sr
— Andrew Alerts (@AndrewAlerts) September 22, 2020
За среќа на сите корисници – Amazon ќе прифати во целост да им го рефундира целосниот износ при враќање на конзолата или ќе им овозможи парите да ги вложат за купување на новата верзија, која наскоро повторно ќе биде достапна во онлајн продавници.
Сепак, корисниците ќе мора да почекаат една недела и повеќе да ја вратат старата конзола, да ја нарачаат новата и таа да им биде испорачана до домот.