Јапонската компанија Sony почна со раните нарачки на PlayStation 5 конзолата, но иако голем број светски онлајн продавници направија залихи, тие не беа доволни.
Amazon, GameStop и многу други продавници на IT опрема се најдоа на удар на бесните корисници кои не можеа да ја нарачаат својата PlayStation 5 конзола.
Amazon дури и ги предупреди корисниците дека веројатно ќе останат без својот примерок кој е предвидено на домашна адреса да им пристигне на 12-ти, односно 19-ти ноември заедно со првите PlayStation 5 видео игри.
„Да бидеме искрени, нарачувањето на PlayStation 5 конзолите можеше да биде многу полесно. Искрено се извинуваме поради тоа и наскоро ќе имаме нови количини за нарачки, за што ќе ве известат вашите продавачи. Ќе има доволно PlayStation 5 конзоли за сите до крајот на оваа година“, соопштија од Sony по хаосот кој настана за време на нарачувањето на конзолата.
Се чини дека гласините дека Sony ќе бидат „кратки“ за доволните количини на конзоли, кои компанијата подоцна ги демантираше, сепак беа точни. Тогаш извори од индустријата тврдеа дека Sony ќе произведе четири до пет милиони конзоли помалку од потребната проценета бројка.
Поврзани артикли