WhatsApp веќе некое време работи на поддршка за повеќе уреди, а изгледа дека оваа фунцкија наскоро ќе им стане достапна на корисниците ширум светот.
WABetaInfo откри докази за новата функција, под името „linked devices“, која на корисниците ќе им овозможи испраќање и примање пораки од различни уреди, вклучувајќи ги оние што ги поддржуваат WhatsApp Web, WhatsApp апликацијата, па дури и Facebook Portal.
Ова на корисниците ќе им овозможи разговорите да ги извршуваат од лаптопите или друг телефон без потреба да се одглогираат од примарниот уред. Покрај тоа, функцијата ќе им овозможи на корисниците WhatsApp да го употребуваат без интернет конекција на примарниот уред. WhatsApp моментно постави четири уреди како лимит и ќе им овозможи на корисниците синхронизација, разговори и испраќање пораки на различните уреди.
Се истакнува дека функцијата е во финални фази на тестирање и дека наскоро ќе им биде овозможена на WhatsApp Beta тестерите на Android и iOS платформите. Покрај тоа, WhatsApp планира да им овозможи на корисниците верификација на WhatsApp Web сесиите со помош на отпечатоци од прсти. Ова дополнително ќе ја подобри сигурноста на апликацијата, посебно откако ќе се имплементира поддршката за повеќе уреди.
Поврзани артикли