Huawei закажа нов настан за 17 ноември каде што ќе претстави мноштво нови производи од својот паметен екосистем, вклучувајќи го и Watch GT Runner. Компанијата подоцна откри дека ќе биде претставен и новиот Matebook E – хибрид два-во-еден уред со отстранлива тастатура.

Matebook E серијата не е освежена од 2019 година, кога е лансиран два во еден уредот со Snapdragon 850 (во суштина Snapdragon 845 за таблети). Претстојниот лаптоп ќе работи со Windows 11, судејќи според Start менито во центарот на лентата со задачи.

Фотографијата ги откри и најтенките рамки досега на Matebook E, додека страните ќе бидат малку закривени. Уредот ќе има скенер за отпечатоци во горниот лев агол и ќе може да работи со новото Huawei M пенкало, кое е присутно и на постерот.