Доверлив извор сугерира дека Huawei планира влез на PC пазарот, како и на пазарот на компјутерските монитори. Компанијата би користела рамни и закривени дисплеи.

Наводните закривени дисплеи би ги обезбедила компанијата TPV Technology, додека рамните екрани би ги произведувал BOEVT, филијала на компанијата BOE. Закривените монитори би биле дел од гејминг сегментот, а би пристигнале во големини од 27 до 34 инчи. Рамните монитори би имале до три модели, но не се објавени поконкретни информации.

Гласините сугерираат и дека Huawei ќе влезе на пазарот на десктоп компјутери. Првиот PC на компанијата ќе го користи UOS (кинески оперативен систем што го развиваат China Electronics Group и Wuhan ShenZhiDuo Technology), а ќе го покренува HiSilicon 7nm Kunpeng 920 3211K процесор. Компјутерот ќе го произведува Foxconn, а првите модели ќе им бидат наменети на корпоративните клиенти на Huawei.