Досега имавме прилика да видиме само неколку комерцијално достапни флексибилни телефони, а само два меѓу нив пристигнуваат во преклопен формат – Galaxy Z Flip и Razr 2019. Судејќи според се, Huawei исто така би можел да го претстави овој формат на флексибилен телефон. Патентот на компанијата кај CNIPA (China National Intellectual Property Administration) организацијата го открива дизајнот и функциите на преклопниот смартфон на Huawei.

Предната страна на уредот прикажува дизајн со голем засек, за селфи камерата и можеби некои биометриски сензори. Од десната страна се наоѓаат копчиња за вклучување и звук. Копчето за вклучување има црвени акценти.

h1_4.jpg

На задната страна е систем со повеќе камери во левиот горен агол, кој е одвоен од блицот, како и она што делува како долг секундарен дисплеј под самите камери.

Телефонот е целосно рамен во својата отворена форма и има шарка во средина. Не се достапни спецификации, ниту други детали, но изгледа дека Huawei планира да имплементира UTG (Ultra-Thin Glass) на својот следен флексибилен телефон.

h2_90.jpg

Секако, како и секогаш кога се патентите во прашање, не постојат гаранции дека ова решение ќе биде применето на конкретен производ.