Acer почна со понуда на своите нови монитори на пазарот, а во прашање се моделите XZ270X и XZ320QX. XZ270X е 27-инчен закривен модел со 1500R закривеност, додека XZ320QX моделот е со големина од 32 инча, со 1800R закривеност на дисплејот.

Двата модела имаат 1920 x 1080p VA панели, со стапка на освежување од 240Hz. VA панелите претставуваат нови модели на производителот CSOT и нудат 4000:1 контраст.

Панелите нудат одзив од 1ms, со осветлување од 250 нита. Мониторите имаат агли на гледање од 178 степени и можност за приказ на 16,7 милиони бои, со sRGB
(72% NTSC) покриеност.

Кога се во прашање портовите, Acer ги опремил мониторите со два HDMI, еден DisplayPort и еден 3,5 мм приклучок. Тука се и два 2W стерео звучника.

Мониторите во малопродажба чинат околу 310 долари за 27-инчниот модел и околу 420 долари за моделот со дисплеј од 32 инчи.