Snapdragon 855 платформата е она што оваа година ќе се најде во поголем дел од премиум смартфоните. Меѓутоа, подбрендот на Xiaomi, Redmi разгледува објава на достапен телeфон базиран на Snapdragon 855 чипсет.

Redmi досега беше серија на Xiaomi, во рамките на која кинеската компанија објавуваше подостапни смартфони. Брендот сега ќе нуди поевтини модели под сопствената ознака, а прв во оваа линија е Redmi Note 7 моделот.

Леи Јун, претседател на компанијата Xiaomi истакна дека брендот Redmi ќе развие достапен смартфон со Snapdragon 855 процесор. Според неговите зборови, очекуваната цена на овој телефон би била под 400 долари.

Ова секако, не е прв пат подбрендот на Xiaomi да објавува достапен смартфон со врвен чип. Сите се сеќаваме на Pocophone F1 моделот од минатата година, кој имплементираше Snapdragon 845 чипсет и на пазарот се појави со цена до 350 евра.

Засега нема дополнителни детали за Redmi моделот со Snapdragon 855, колку точни ќе чини и дали ќе се појави надвор од Кина.