Тешкиот период за време на пандемијата, изолацијата, економските кризни и бројни проблеми што ги донесе 2020. година ја поттикна организацијата Unicode Consortium да креира нов сет емотикони што помагаат во изразување на потешкотиите.

Новите емотикони целосно се прилагодени на годинашниот хаос. Иако веројатно нема да бидат достапни на нашите смартфони пред 2021. година, можете да ги погледнете како изгледаат на веб-страницата Unicode Consortium.

меѓу новите емотикони можете да го пронајдете лицето кое тешко издишува, лицето со спирални очи, лице кое ѕирка зад облак, срце во оган, како и срце во завои.

Одобрена е и ознаката за додавање на брада на било кој емотикон на лице, машко или женско. Исто така, секој од одобрените емотикони ќе биде достапен во различните бои на кожата.