Во интервју за јапонската веб-страница Famitsu, генералниот директор на PlayStation потврди дека видеоигрите за PS3 нема да бидат достапни на новата конзола. Како што наведе тој, немале време тоа да го усовршат.
PlayStation 4 веќе има 100 милиони играчи, па затоа игрите се достапни и за новата конзола.
Една од најпопуларните конзоли во светот од 12 ноември ќе биде достапна во САД, Јапонија, Мексико, Нов Зеланд, Австралија и Јужна Кореја. Во останатите земји продажбата почнува на 19 ноември.
Од Sony најавија нови цени за видеоигрите за конзолата PS5 – ќе чинат 70 долари. Ова се однесува на сите AAA ексклузиви на коишто работат во студиото на Sony, a засега е потврдено дека треба да издвоите 70 долари за „Demon’s Souls Remake“, „Destruction All Stars“ и „Marvel’s Spider-Man: Miles Morales“.