GoPro ја претстави новата акциска камера – Hero 9 Black, која имплементира значајни подобрувања. Покрај новиот дизајн, што додава преден дисплеј во боја, Hero 9 Black e подoбрен во речиси секој аспект. Тоа вклучува подобра резолуција за снимање видеа, поголема батерија, подобра стабилизација на видета и друго. Споменатите измени влијаеа на зголемување на цената, па GoPro Hero 9 Black чини 50 долари повеќе од Hero 8 Black моделот.

Подобрена е вкупната резолуција во која Hero 9 Black може да снима, со до 20MP и за прв пат е додадена опцијата за снимање на 5K видеа во 30fps (тука е и можноста за снимање на 4K во 60fps). Батеријата од 1720mAh може да се менува и за 40 проценти е поголема од онаа кај Hero 8 Black моделот. GoPro ја врати и заштитата за предниот објектив, што не постоеше на претходниот модел и ќе се продава Max Lens мод за 99 долари од октомври.

Подобрувања добија и екраните: предниот дисплеј сега нуди панел во целосна боја за преглед на снимките, додека задниот екран има 2.27-инчен панел осетлив на допир. Имплементирањето на поголемиот дисплеј и батерија, исто така, значи дека новата акциска камера е нешто поголема од претходниот модел.

GoPro Hero 9 Black е достапен по цена од 450 долари (350 долари доколку се купи преку сајтот на GoPro и доколку се купи со годишна претплата од 50 долари).