Sony официјално објави дека PlayStation 5 кознолата ќе бидат достапни на пазарот во текот на ноември, во зависност од регионот.
PlayStation 5 на 12. ноември ќе се појави на пазарите во САД, Јапонија, Канада, Мексико, Кореја, Австралија и Нов Зеланд. На останатите светски пазари, продажбата на конзолата ќе почне од 19. ноември.
Sony ги потврди и цените, па така PlayStation 5 и PlayStation 5 Digital Edition верзијата на конзолата на европскиот пазар ќе чинат 500 и 400 евра, додека во САД истите суми се изразени во долари.
Од друга страна, Microsoft ја нуди 4K верзијата на Xbox Series X по цена од 499 долари, додека 1440p Xbox Series S има цена од 299 долари. Sony со својата понудат го смести PlayStation 5 Digital Edition помеѓу моделите на Microsoft. Покрај тоа, за разлика од конзолите на Microsoft, PlayStation 5 варијантите немаат никакви разлики кога станува збор за интерниот хардвер. На Digital Edition моделот единствено му е отстранет Blu-ray дискот, а двата модела ќе нудат 4К гејминг.
На PlayStation 5 ќе бидат можно да се играат игрите кои беа наменети за неговиот претходнил. Со тоа, Sony ќе проба да ги привлече и корисниците кои го имаат PlayStation 4, а дополнителен притисок сигурно им прави и политиката на Microsoft, која е таква што сите игри од претходните генерации на Xbox, можат да се играат и новите.
Постоеја извештаи дека Sony има проблеми со производството на PS5 и дека би можеле да се очекуваат помали залихи на почетокот. Сепак, во објавата Sony ги отфрли овие тврдења, истакнувајќи дека целнта за испорака на 15 милиони нови конзоли не е променета