Samsung досега експериментираше со засеци во екранот, како и со неколку дизајни со punch-hole отвори за предните камери. Компанијата досега се уште не имплементираше решение со pop-up камера, но ова наскоро би можело да се промени.

Се појавија рендери од претстојниот смартфон на Samsung, кој има pop-up модул за селфи камера. Рендерите со висока резолуција прикажуваат и систем со три камери на задната страна.

Pop-up камерата е позиционирана повеќе кон левата страна, а му овозможува на Samsung да постигне дизајн со целосен екран каков што последен пат видовме на Galaxy A80 моделот, кој имаше ротирачки камера модул.

Според наводите, дисплејот ќе има дијагонала од 6,5 инчи, а Samsung не планира да имплементира приклучок за слушалки на овој телефон. Присуството на сензор за отпечатоци од прсти на задната страна сугерира дека не се работи за смартфон од премиум сегментот.

Засега нема информации за спецификациите на уредот, датумот на објава, како ни за конкретното име на уредот.