Една третина од испитаниците од финансискиот сектор сметаат дека банкарските тројанци и мобилниот малвер ќе бидат најголемата закана за финансиските организации и нивните клиенти во 2020 година. Ова го покажува истражувањето спроведено од компанијата “Blueliv”, која се занимава,меѓу другото и со превенција во врска со сајбер заканите за финансискиот сектор.

Истражувачите на “Blueliv” утврдиле зголемување од 283 проценти на ботнети поврзани со Трикбот и зголемување од 130 проценти пораст на Бритекс ботнети. Овие ботнети се поврзани со дистрибуција на банкарски тројанци и друг малициозен софтвер кои целат исклучиво на финансискиот сектор.

“Blueliv” особено посочува дека малициозен софтвер е насочен кон мобилните апликации и дека во таа област, заканите се развиваат најбрзо и најмногу кога станува збор за финансискиот сектор, во смисла на прибирање податоци, но и кражба на средства од банкарски сметки. Една од причините е што сајбер криминалците сега можат едноставно да купат малициозен софтвер од „форумите од подземјето“ и дека тие нудат техники кои малициозниот софтвер може долго да остане неоткриен.

Повеќе од третина од испитаниците, дури 35 проценти, ја наведуваат превенцијата како клучен момент во спречувањето на потенцијалните сајбер напади. Следната важна работа во сајбер безбедноста, која ја наведуваат 31 процент од испитаниците, е да се спречи „истекување“ на податоци од системот.