Доколку не сакате некој да дознае дека сте ја прочитале пораката на апликацијата Messenger, еве неколку начини како тоа да го овозможите.

Скријте го известувањето за прочитана порака на десктоп компјутер

За жал, не постои однапред вградена опција, туку морате да посегнете по некоја од екстензиите за вашиот веб браузер.

Ако користите Google Chrome, би требало да бидете внимателни која ќе ја изберете, бидејќи секогаш постои опасност некој додаток или екстензија да содржи вируси.

Би можеле, на пример, да го испробате „Messenger Unread“ – тоа овозможува исклучување на функциите како што се „seen“, податокот кога последен пат сте биле активен, известување кога пишувате одговор итн.

Последното ажурирање пристигна во февруари, а во прашање е open-source додаток, па можете сами да проверите дачи е проблематичен поради нешто (или да замолите некого кој се разбира во тоа).

Како да изгледа дека постојано сте офлајн

Ако од било која причина не сакате вашите пријатели да знаат кога сте на Facebook, тоа можете да го исклучите во подесувњата.

Потребно е да изберете Settings, па потоа да го исклучите „Show when you’re active“.

За целосно да исчезнете од радарот, потребно е да ја исклучите оваа функција на сите уреди кои ги користите Facebook или Messenger.

Скријте дека сте ја прочитале пораката на мобилната апликација

Би морале да се послужите со некои трикови, бидејќи тука не постојат екстензии.

Една од работите што можете да ги направите е да ги читате пораките, користејќи ги нотификациите.

Android и iOS имаат опција со помош на која можете да ја задржите нотификацијата за да ви се прикаже пораката, иако не на сите модели. На некои можете да прочитате само дел од пораката, доколку е малку подолга.

Другиот трик што можете да го испробате е стариот добар Airplane mode. Него на Android ќе го пронајдете кога ќе повлечете од врвот на екранот, за да ги добиете „брзите известувања“. Кога е во прашање iOS, само одете во Control Centar и таму ќе го пронајдете.

Со вклучување на овој режим на работа, можете да ја отворите пораката без страв дека вашиот сопговорник ќе го види тоа. Не заборавете само едно – пред да го исклучите Airplane Mode, обврзно искористете го „Force Stop“ за да го исклучите Messenger.

Ќе го пронајдете на Android кога ќе го изберете „квадратот“ од лентата за навигација, а на Apple уредот кога два пати ќе го притиснете Home копчето или ако имате некој од поновите iPhone уреди со целосен екран, кога ќе повлечете со прстот нагоре од дното на дисплејот.