На дното на Балтичкото море, пронајден бил брод за кој што се верува дека во Холандија се користел во текот на 17. век.

Бродот има три јарболи, има труп кој што е дизајниран така што капацитетот на товарот да биде што поголем, а бројот на екипажот што помал.

Трговијата и транспортот се одвивале со што помалку трошоци и биле едни од клучните компоненти на развојот на Холандското кралство кое што се проширило на пет континенти и било најголема сила на светот пред Британското кралство да стане доминантно.

Сега истражувачите поставуваат прашања за тоа што довело до потопување на овој специфичен брод кој што бил пронајден речиси во совршена состојба.

Од нуркачкиот тим, чии членови го пронашле бродот, велат дека „нема никакви претпоставки за тоа што влијаело на тоа бродот да се најде под водата“.

Освен едно – дека можеби виновникот за неговото потопивање било невреме.

На бродот има само помали оштетувања, инаку пловилото е во одлична состојба.