Ако вашиот лаптоп се расипе порано отколку што сметате дека би требало, постои шанса дека некои ваши лоши навики придонеле за тоа.
Топлината е смртен непријател на вашиот компјутер. Ако лаптопот премногу се загрее, процесорот може да забави и дури и целосно да се исклучи, за да ја намали температурата. Подолгата работа на високите температури може да го намали животниот век на процесорот, вентилаторот и батеријата.
За десктоп компјутерот решението е едноставно: погрижете се вашиот уред да има соодветен проток на воздух, со доволно вентилациски отвори и вентилатори, со цел студениот воздух да се движи низ компонентите. Од друга страна, лаптопот бара малку повеќе внимание. Преносливоста доведува до многу лоши навики, како ставање на уредот на покривач или друга мека површина, што го блокира протокот на воздух под лаптопот, а потенцијално и низ лаптопот.
Кога и да е тоа можно, користете го лаптопот на рамна површина, а преносните масички се добар начин да го спречите прекумерното загревање на уредот. Освен тоа, за лаптопите важат истите правила како и за декстоп компјутерите – не ги оставајте на жешки места (како автомобили во сончев ден) и повремено чистете ги од прашина.
Сите компјутери со време насобираат малку прашина. Иако редовното чистење може да ви помогне, како прво, потребно е да го спречите влегувањето на разните честички во компјутерот. На пример, чадот од цигарите и крзното на домашните миленици ќе ги влошат тие проблеми, а ставањето на десктоп компјутерот на под ќе обезбеди повеќе прашина, коса и други честички да се впијат во уредот. Држете го компјутерот на маса или на друго подножје, и погрижете се на вентилаторите за всисување да постојат филтри.
Батеријата на вашиот лаптоп може да издржи осум до десет часа кога е нова, но батериите со време се трошат и по неколку години автономијата може да се намали на пет до шест часа користење. Ова е неизбежно, но постојат и начини векот на траење на батеријата да го продолжите. За да го продолжите времетраењето на батеријата на лаптопот, најдобро е кратко да ја испразните и често да ја полните. Ако забележите дека батеријата на вашиот лаптоп е набрекната, тоа е знак за загриженост. Ако батеријата толку се наполни што го притиска куќиштето на вашиот лаптоп, создавајќи јаз меѓу панелите, морате да престанете да го користите компјутерот и да ја замените батеријата, за да не дојде до посериозен дефект.