Најновиот смартфон кој се најде на тестот на издржливост на Зак, од популарниот YouTube канал JerryRigEverything е Samsung Galaxy S20 Ultra.

Телефонот ги помина стандардните и неконвенционални тестови, кои Зак вообичаено ги применува, како што се гребење и палење на екранот, како и свиткување на уредот.

Samsung Galaxy S20 Ultra има Gorilla Glass 6 заштита од предната страна и на задниот дел, која се гребе на вообичаеното шесто ниво на Мосовата скала. Телефонот исто така не се свиткува премногу.