Американската вселенска организација NASA предупреди дека четири астероиди оваа недела ќе поминат покрај Земјата.

Од NASA е соопштено дека се работи за астероид со дијаметар поголем од 20 метри, кои во следните денови ќе поминат блиску до нашата планета. Европската вселенска агенција ESA објави GIF, со кој покажа колку е тешко да се забалежат астероидите и евентуално да се одбрани од нив.

Првите два астероида ќе поминат покрај Земјата денеска, а беа забележани минатиот месец.

Астероидот 2020 PT4 има дијаметар од 34 метри и ќе помине покрај нашата планета на оддалеченост од 1,8 милиони километри. Вториот астероид 2020 RJ со дијаметар од 24 метри ќе биде нешто поблиску, на оддалеченост од 1,2 милиона километри.

Поминувањето на астероидот RM15 се очекува на 12. септември, а неговиот дијаметар изнесува 43 метри. Покрај Земјата ќе мина со брзина од 35.000 км/ч, но ќе биде оддалече 5,7 милиони километри. Ден подоцна се очекува поминување на астероидот 2017 US со дијаметар од 20 метри на оддалеченост од 6,6 милиони километри.