Со генетска анализа на наводните пронајдени остатоци од прочуеното суштество – Јети, научниците утврдиле дека всушност мистеријата која толку години се експлоатира во јавноста е само еден вид на хималајска мечка. Со тоа, се чини, конечно е разрешена вековната мистерија за Јети, која веќе стана и дел од хималајската култура.

Научниците тестирале примероци кои со години биле собирани како докази за постоењето на „снежниот човек“. Биологот др. Шарлог Линдквист од Универзитетот Бафало, излезе во јавноста со првите конкретни резултати на генетаската анализа. Според неа, резултатите од генетското истражување спроведено врз девет коски, заби, кожа и влакна покажале дека станува збор за хималајска мечка.