Во текот на мај, познат дојавувач го откри постоењето на Samsung Galaxy Fold Lite флексибилниот телефон, со основни спецификации и кодно име Winner 2 за уредот.

Се очекуваше дека телефонот ќе биде претставен во текот на оваа година, но новиот извештај сугерира дека Fold Lite ќе биде официјализиран во 2021. и ќе чини околу 1100 долари.

Извештајот сугерира дека Galaxy Fold Lite ќе биде достапен на глобалните светски пазари, но најверојатно нема да има 5G поддршка, иако би можел да го покренува актуелниот Snapdragon 865 чипсет.

Флексибилниот уред би можел да има куќиште од алуминиум и стакло и би бил опремен со две камери на задната страна. Останатите детали за уредот засега се непознаница.

Извештајот споменува и постоење на уште еден смартфон, со ознака Galaxy S20 FE. Телефонот би требало да ги има главните спецификации на S20 серијата, заедно со пониската цена на уредот.