За време на краткото обраќање преку видео порака, шефот на Instagram, Адам Мосери понуди увид во тоа што се очекува од платформата во наредниот период.

„Ќе мораме да го преиспитаме статусот на Instagram, бидејќи светот брзо се менува и ние мора да се менуваме со него“, истакна Мосери.

Тој најави дека Instagram ќе ги зајакне сите свои видео производи околу функцијата Reels и ќе продолжи да ја развива таа услуга.

Кога станува збор за креаторите на содржини, беше истакнато дека Instagram ќе имплементира повеќе алатки за монетизација на содржината за да им помогне на корисниците да заработат пари од она што го објавуваат.

Тоа значи дека главниот фокус на компанијата, во текот на 2022-ра година, ќе биде ставен на видео содржините, како и на сервисот Reels.

Instagram ќе посвети повеќе внимание и на контролите, а хронолошкиот приказ на содржината ќе се врати следната година. Беше спомната и опцијата која беше додадена оваа година, а тоа на корисниците им дава поголема контрола врз управувањето со содржината.

Извор: B92.net