Вљубениците во конзолата на Nintendo кои некогаш посакувале во својот дом да направат стаза за тркање сега ќе имаат прилика за тоа.

Компанијата Nintendo ја најави својата најнова игра Mario Kart Live: Home Circuit, развиена во соработка со њујоршкото студио Velan Studios.

Се работи за игра базирана на тркање, но во AR опкружување. Играчите ја користат Nintendo конзолата Switch како далечински управувач за контрола на автомобилчињата кои се појавуваат на екранот на конзолата.

Попрецизно, Switch се користи за управување на вистински автомобилчиња по стаза која играчите ќе ја направат во својот дом, а на располагање им се некои AR опции.

Играта ќе биде достапна од 16 октомври, а заинтересираните купувачи може да бираат меѓу Mario и Luigi верзија.

Како ќе изгледа играта, погледнете во видеото:

Извор: Klix.ba