MSI го најави својот прв e-sports монитор од 360Hz. MSI Oculux NXG253R има RGB осветлување и дизајниран е на гејмерите да им обезбеди најдобро гејминг искуство со помош на најновата Nvidia G-SYNC технологија и Nvidia Reflex Latency Analyzer.
MSI Oculux NXG253R пристигнува со 24.5-инчен панел и 360Hz стапка на освежување на дисплејот, со 1ms GTG одзив. Компанијата не објави информации за типот на панелот, резолуцијата, осветлувањето и контрастот.
Mystic Light LED на мониторот ќе овозможи прилагодување според потребите на корисникот и синхронизирање со другите Mystic Light компатибилни производи. Мониторот ќе биде прв MSI модел со поддршка за Nvidia Reflex Latency Analyzer, кој на корисниците им дава прецизни мерки за латенција на системот.
MSI Oculux NXG253R мониторот се очекува на пазарот во текот на ноември, по цена од 799 долари.
Поврзани артикли