Intel е најновата голема компанија што претстави ново, поедноставно (генеричко) лого. Компанијата го најави новото брендирање кое се поклопува со излегување на TigerLake процесорите од 11. генерација. Изгледот иако е нов, сепак е препознатлив.

Дизајнот на претходното лого изгледа малку застарено според современите стандарди, и додека новото лого на прв поглед е прилично генеричко, начинот на кој Intel го користи е малку помодерен.

Компанијата прифаќа поширока палета на сини бои кои одат заедно со логото, и се чини дека повеќе го нагласува белиот фонт на сина позадина. Малата точка над „i“ е обоена со сина боја во сите случаи и ги претставува процесорите.

Intel ги менува работите во интересно време, бидејќи неодамна се бореше да ги изврши клучните транзиции навреме, а Apple ги отфрли Intel Core процесорите во корист на сопствените ARM решенија. Сепак, ривалите се воздржуваа по излегувањето на Intel Inside уште во 2006. година, така што и натаму се ќе се сведува на перформансите, додека компанијата ги решава своите 7 нанометарски проблеми.