SpaceX во август изведе дури три лансирања, и во вселената испрати две тури Starlink сателити и мисијата SAOCOM 1B. За 3. септември е закажано уште едно Starlink полетување, а овој месец би требало да донесе уште две вакви акции.

SpaceX планира во следните пет години во Земјината орбита да лансира вкупно 12.000 сателити кои ќе послужат како таканаречено „соѕвездие“ што ќе понуди досега невидени интернет перформанси. Како најголем проблем се истакнува тоа што компанијата секој месец во следните пет години ќе мора да лансира голем број сателити за да го достигне ветениот број, и тоа што сателитите, како и било кои други системи, ќе се соочуваат со дефекти кои компанијата ќе мора да ги решава во рекорден рок.

Некои експерти истакнуваат дека SpaceX ќе влезе во маѓепсан круг и објаснуваат дека на секои пет години ќе мора да лансира огромен број сателити за да функционира системот.

Ракетата Falcon 9 ќе полета од Kennedy Space центарот со уште 60 сателити, а тоа е 12. лансирање во рамките на овој проект. Првите 60 сателити биле испратени во пониската Земјина орбита во мај 2019. година, па по најновото лансирање Starlink констелацијата ќе содржи 700 единици.