Nintendo Game Boy е објавен во 1989. година, но изгледа дека уредот се уште нуди интересна основа за активен развој, иако тоа е вон доменот на игрите.

Модерот „stacksmashing“ одлучи да види дали оваа мала ручна конзола има потенцијал за рударење Биткоини. Моделот ја искористи Raspberry Pi Pico плочата, која служеше како конектор помеѓу PC и GameBoy уредот. Рачната конзола нема поддршка за протоколи за безжична мрежа, така што било потребно да се прикачи на serial SPI конектор. Компјутерот и испраќа инструкции за рударење на конзолата, која потоа дава повратна информација.

Секако, ббрзината на рударење на ваквиот уред е исклучително мала. GameBoy има Sharp LR35902 процесор, со такт од 4.19MHz. Како што истакнува модерот, тоа значи дека GameBoy е 125 билиони пати побавен од моќните ASIC рудари.

Stacksmashing сакаше само да потврди дека Nintendo Game Boy е способен да го покрене процесот преку прилагоден блок на рударење, кој е лесно да се креира, а експериментот за покажа успешен.