Во текот на викендот се појави планот на објава на Intel Alder Lake vPro процесори, но кои не се наменети за малопродажниот PC пазар, туку се однесува на бизнис корисниците и претпријатија. Во прашање се vPro процесори.

Главната информација е тоа дека Intel Alder Lake-S vPro и Alder Lake-P vPro процесорите не би требало да се очекуваат пред првото тримесечје во 2022. година. Меѓутоа, интересно е дека овој roadmap потекнува од јануари оваа година.

Планот за објава покажува дека Alder Lake vPro процесорите се планирани да се појават заедно, во некој момент во јануари следната година. Десктоп процесорите ќе бидат наменети за достапните работни станици.

Се очекува дека најголемиот Alder Lake-S vPro процесор ќе има 16 јадра (осум јадра за перформанси и осум ефикасни), што ќе резултира со 16C/24T чип.

Кога е во прашање Alder Lake-P vPro, тој би требало да биде наменет за мобилните работни станици, бизнис лаптопи, но и мејнстрим преносни компјутери. Хибридните процесори ќе имаат до 16 физички јадра (шест за перформанси и осум ефикасни).