Facebook и Google имаа намера со подводен кабел да ги поврзат САД, Хонг Конг, Тајван и Филипините. Но, во сето тоа на крајот се вплетка политиката, поради која планот не доби зелено светло, односно одобрение за негово извршување. Имено, за поврзувањето на горенаведените држави да биде возможно според Сојузниот закон, потребно е најпрвин да се извади лиценца од Сојузната комисија за комуникации.

Но, бидејќи САД уште еднаш заигра на картата на националната сигурност, истата изостана, бидејќи одборот на сојузните агенции предводен од Министерството за правосудство препорача да не се одобри врската помеѓу САД и Хонг Конг. Во образложението на својата одлука како главна причина ја наведоа „моментната состојба на националната сигурност“.

Администрацијата на Трамп наведува дека Кина непрестано прави значителни напори за да собере чувствителни лични податоци од милиони американски државјани. Поради тоа, Google и Facebook минатиот четврток претставнија нов план за изградба на подводен кабел, од кој е изоставен Хонг Конг. Поради тоа и еден од довчерашните партнери излезе од игра, а се работи за компанијата Pacific Light Data Communication од Хонг Конг.

Поради наведеното од западните Влади, а посебно од САД, се повеќе Хонг Конг го третираат како само уште еден град во Кина. А како таков не им е најсигурен за податоци кои преку подводен кабел би ги разменувале американските државјани.