Кон крајот на минатиот месец, Apple во текот на својата WWDC конференција ја најави следната верзија на iOS оперативниот систем. По конференцијата, iOS 14 им стана достапен на програмерите, овозможувајќи им да почнат со подготовка на апликациите. Сега јавната бета за платформата е достапна за сите корисници.

iOS 14 претставува поголема надградба за iPhone уредите, а најновата верзија имплементира преработен почетен екран, со виџети кои се достапни преку Home screen. Додаден е и smart app drawer (App Gallery)  за нови начини на интерација со инсталираните апликации.

Покрај наведеното, дополнителните новитети вклучуваат подобрување на корисничкиот интерфејс (ново и редизајнирано повикување, Siri UI), picture in picture режим за iPhone уредите, подобрување на приватноста и новата апликација за преведување.

Оние кои сакаат да и пристапат на iOS 14 јавната бета, потребно е да одат на Apple beta сајтот, да го регистрираат својот профил за бета пристап, а потоа да го преземат бета профилот кој ќе им овозможи да им пристапат на новитетите кои ги нуди iOS 14. Секако, корисниците можат да очекуваат проблеми со перформансите и потрошувачката на батерија, бидејќи сите опции од бета верзија се уште во фаза на тестирање.

WWDC 2020: Apple ги претстави iOS 14 и iPadOS 14 со виџети на почетниот екран (ВИДЕО)