Неограничено користење и споделување идеи преку омилените социјални мрежи без трошење на  интернетот од тарифата.

Активирање на опцијата Speak Out промотивно без дополнителен надомест преку Telekom MK апликацијата.

Генерацијата Z (зет) е постојано поврзана и практично, живее на интернет. Преку екраните на нивните смартфони и таблети, тие го гледаат светот, споделуваат идеи, создаваат можности и следат што прават нивните врсници во светот. За нив, интернетот е најважната комуникациска алатка и е платформа која им овозможува да бидат чуени. Токму затоа, потребен им е интернет пакет кој ќе ги задоволи овие потреби.

Новата опција Speak Out на Македонски Телеком е наменета за нив, за генерацијата која го менува светот и гради подобра иднина преку технологијата. Затоа, оваа опција на младите корисници им овозможува да ги споделуваат своите идеи, да разменуваат ставови, да креираат промени и да останат поврзани онлајн преку најкористените социјални мрежи Facebook, Messenger, Instagram и WhatsApp, без притоа да потрошат од интернет сообраќајот вклучен во претплатата на нивната тарифа.

Опцијата Speak Out можат да ја активираат сите корисници на тарифните модели Mobile и Magenta 1 мобилни услуги S, M и L, промотивно без дополнителен надомест, само на Telekom MK апликацијата како дел од Дополнителните придобивки достапни со активна е-сметка.

Со активирање на опцијата Speak Out, припадниците на Генерација Z сега можат да го кренат гласот и да бидат чуени, бидејќи имаат можност јавно да ги искажат своите идеи и да ги споделат со луѓето кои им се важни за постигнување на посакуваната промена во светот.