Новиот телефон на Sony, Xperia XZ4 се појави во гласините на почетокот на декември, а шпекулациите сугерираа дека уредот ќе има исклучително долг дисплеј и однос на страници од 21:9.

Овие денови се појавија CAD рендери и заштита за екран кои ги потврдуваат овие гласини за долгиот дисплеј.

Панелот се поклопува со односите кои ги видовме во рендерите – тука се екстремно тенките рамки и нема засек за слушалка, камера и сензор за близина.

Присутен е и мал отвор од левата страна, веројатно за LED светло за известувања. Заштитното куќиште открива вертикален систем со три камери, заедно со копчиња и портови.

Од десна страна се наоѓаат контролите за звук, сензор за отисоци од прасти и копче за вклучување. На дното на телефонот се наоѓаат долниот микрофон, USB-C порт, а забележливо е дека нема 3,5-милиметарски приклучок.