Сеавус Акцелераторот е проект поддржан од страна на Фондот за иновации и технолошки развој, каде и оваа година во партнерство со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (European Fund for Southeast Europe – EFSE) и Startup Wise Guys – водечки B2B стaрт-ап акцелератор во Европа, ги повикуваат сите иновативнo технолошки ориентирани стартап бизниси да аплицираат за менторска и финансиска поддршка најдоцна до 1 октомври оваа година.

„Дефинитивно ја имаме најтемелната менторска програма во времетраење од 10 недели, во која над 40 ментори од мрежата на Startup Wise Guys и Seavus Acceleraot-от ќе им помогнат на стартапите во развојот на нивниот продукт, подготовка на финансиски план и ценовна стратегија, стратегии за маркетинг и продажба, брендинг, градење на односи со инвеститори и ширење на бизнисот глобално. Во завршницата од оваа програма на ДЕМО ДЕН стратапите ќе ги презентираат своите бизнис модели пред инвестицискиот одбор на Сеавус за добивање финансиска поддршка“ – велат од Сеавус Акцелераторот.

Програмата ќе се одвива онлајн, а сите информации поврзани со критериумите за аплицирање, како и апликациската форма можете да ги пронајдете на веб страницата:www.seavusaccelerator.com