Новиот вид термоќелии работи на принципот на разлика во температурата, на пример, на загреани површини на згради или автомобили.
Научно-технолошкиот универзитет МИСиС разви нови уреди кои ја претвораат топлината, меѓу другото, и на човечкото тело, во електрична енергија. Во перспектива тие ќе овозможат создавање уреди за производство на енергија кои можат да се нанесат практично на било која површина.
Новиот вид термоќелии работи на принципот на разлика во температурата, на пример, на загреани површини на згради или автомобили. За нивно делување е потребен контраст меѓу топло и ладно.
Засега сличните технологии не можат да се пофалат со толку високи показатели на производство на енергија, додека изумот на руските научници е поефикасен и има коефициент на корисно дејство поголем дваесет пати. Во овој момент стручњаците ја продолжуваат работата на понатамошно усовршување на технологијата. Во иднина би можел да биде создаден кондензатор кој долго го чува полнењето.
Во новите термоќелии се користат оксидно-метални електроди и водени електролити. Како што наведуваат стручњаците од МИСиС, високото ниво на Зибек коефициентот (термоелектрична чувствителност) овозможува како извор на енергија да се користи дури и топлината на човечкото тело.