Хрватскиот доктор Оливер Вугрек, молекуларен биолог во Институтот Руѓер Бошковиќ, кој го водеше тимот кој прв спроведе прва детална анализа на геномот на вирусот SARS-CoV-2 во Хрватска, смета дека изјавите за слабеење на вирусот во земјата во моментов не се научни и како што вели тој, смислени се за целите на предизборната кампања.

Во Хрватска парламентарни избори треба да се одржат следниот месец, поточно на 5 јули.

„За да можеме да одговориме дали вирусот е ослабен, потребно е да се анализира геномот на вирусот на заразени лица, и тоа асимптоматски, што не е направено ниту во Хрватска, ниту во Србија. Затоа сметам дека немаме доволно докази кои се темелат на научно издржани факти“, вели Вугрек за „Јутарњи лист“.