Теоријата за постоење на два паралелни универзума повторно беше претставена во предвечерието на новата 2019 година, овој пат од група научници од Канада, според кои, времето во универзумот кој е огледало на овој нашиот, тече во спротивна насока.

„Допрва треба да ги разработиме суптилните детали за новиот космолошки модел, но дури сега можеме да видиме дека ова е прилично ветувачка теорија. Особено, тоа го објаснува постоењето на темната материја на многу природен начин“, велат Нил Турок и Латам Бојл, теоретски физичари.

Научниците сугерираат дека еден од клучните принципи на универзумот е CPT симетријата, која опслужува сè што постои. Според овој основен физички принцип, сите процеси се непроменливи ако просторот и времето се превртат, а античестичките се на местото на честичките.

„Во нашата Вселена има многу повеќе супстанција од антиматерија, плус, времето во нашата вселена се движи напред заедно со нејзиното проширување, односно CPT симетријата не е за нашиот Универзум. Но, ако претпоставиме дека Вселената е слика на друг свет, тогаш сè си доаѓа на своето место“, велат канадските физичари.