Доколку сте меѓу оние кои ја играат играта Pokemon Go и при тоа користите постари уреди и оперативни системи, имаме лоша вест за вас.

Компанијата Niantic кон средината на октомври ќе пласира апдејт за играта Pokemon Go, по што корисниците на смартфони или таблет уреди со Android 5.0 Lollipop ili iOS 10 ili 11, повеќе нема да може да ја играат. Меѓу уредите на кои повеќе нема да биде можно да се игра популарната игра се и iPhone 5S и iPhone 6 моделите.

„Уредите iPhone 5S и 6 имаат само 1GB RAM,  а ние не сакаме да го запираме развојот и имплементацијата на можностите за поголем дел од играчите кои имаат понапредни телефони“, соопшти Niantic за порталот The Verge.

Pokemon Go можеби не бара премногу како некои други игри, но значајно се потпира на камерите на смартфонот, GPS следењето и 3D визуелизациите, кои можат да влијаат на празнење на застарената батерија.

Оваа промена ќе има влијание на многу мал проценти дневно активни играчи, но тоа сепак е губиток за оние кои не сакаат или не можат да купат понапреден телефон.

Играта Pokemon Go и натаму е многу популарна, а минатата година беше најуспешна за
компанијата Niantic. Во текот на оваа година, профитот во вториот квартал изнесува 254 милиони долари и покрај пандемијата на коронавирус, што е раст од 38 проценти во одност на претходниот квартал, пишува The Verge.