Од моментот кога ги обелодени плановите да креира сопствен оперативен систем и помалку да се потпира на другите, Huawei напорно работи за оваа идеја да ја спроведе во дело. Компанијата сега планира да стане нов играч во PC индустријата во Кина, така што постоечките решенија кои ги користат странските технологии би ги заменил исклучиво со делови од кинеско производство.

Huawei креира прилагоден оперативен систем под името HarmonyOS, за кој веќе доста слушнавме во минатото, а овој софтвер ќе ги дополнува прилагодените хардверски решенија на Huawei.

HarmonyOS беше најавен минатата година, во рамките на Huawei Developer Conference 2019, како проект на кој работи кинеската компанија. Сега дојавувач од Кина сугерира дека Huawei планира да претстави прилагодени компјутери за кинескиот пазар, така што HarmonyOS ќе биде комбиниран со Kunpeng Desktop Board.

Спецификациите на Kunpeng Desktop Board вклучуваат:

CPU: Kunpeng 920 процесор со 4/8 јадра @ 2.6GHz
Складирање: 6xSATA 3.0 хард диск интерфејс, 2x M.2 SSD slota
Меморија: 4 x DDR4-2400 UDIMM слота со максимален капацитет до 64GB
PCIe проширување: 1 x PCIe 3.0 x16, 1 x PCIe 3.0 x4 i 1 x PCIe 3.0 x1 слотови
Мрежа: 2 x LOM NIC, поддршка за GE мрежни портови или оптички портови
USB: 4 x USB 3.0 i 4 x USB 2.0