LG во октомври го претстави својот смартфон V40 ThinQ. Ова е шести уред од V-серијата на јужнокорејската компанија, но овие модели досега не се нудеа од голем број продавачи во Европа. Сега изгледа дека LG планира да го промени овој тренд, бидејќи европската верзија на V40 ThinQ доби сертификат за безжично полнење.

Уредот е набројан со две ознаки (LM-V405EB i LV-V405EBW), а според наводите на изворите се работи за варијанта наменета за пазарите во Европа. Покрај ова, Wireless Power Consortium објави и фотографија која потврдува дека се работи за моделот LG V40 ThinQ.

Изворите истакнуваат дека е креиран и специјален фирмвер за телефонот, кој ја носи ознаката LMV405EB-EUR-XX-NOV-30-2018+0. Во името е видливо “EUR”, што значи дека е наменет за Европа. Сега се очекуваат останатите детали, како што се датумот на објава и цената на телефонот.