Иако Samsung дури неодамна ја претстави новата Galaxy Note серија телефони, веќе почмаа да се појавуваат информации за следните премиум телефони на компанијата. Новиот извештај дава повеќе детали за плановите за Galaxy S серијата во 2021. година.
Според изворите кои се запознаени со плановите на компанијата, Galaxy S21 серијата го носи кодното име Unbound, додека индивидуалните модели се викаат M1, N2 и O3. Интересно е дека за O3 се тврди дека користи S Pen, што би бил првиот уред од S серијата со поддршка за паметно пенкалце. Исто така, нема информации за тоа дали следната година ќе биде претставена Note21 линијата, иако е се уште рано за тоа.
Извештајот исто така споменува дека јужнокорејската компанија ќе објави два главни уреда во текот на годината. Па така, за првата половина од годината е резервиран премиум модел од S серијата, додека во текот на втората половина ќе видиме флексибилен модел од Z Fold серијата. Samsung наводно ќе ја засили понудата на своите флексибилни телефони, до мерка што Note линијата ќе биде заменета со Z Fold моделите.
Доколку Samsung ја замени Note линијата и додаде S Pen поддршка за Galaxy S21 (што би можело да се случи за Ultra моделот), тоа би претставувало позначајна промена во екосистемот на телефони на компанијата.
Поврзани артикли