Новата Motorola Edge серија доаѓа со моќни процесори, главна камера со многу пиксели и нов перископ систем за зумирање. Тука е и брзото освежување на екранот, брзото полнење на батеријата и новото искуство за користење на Ready For софтверска платформа. Целото Edge 20 семејство пристигнува со унапреден квалитет на камерите.

Motorola Edge 20 Pro има главна камера од 108 MP со исклучителен квалитет, а станува збор за еден од најголемите сензори.

Edge 20 Pro има голем 6,7-инчен Max Vision екран со OLED технологија. За првпат тука е и 144Hz освежување на екранот, кое е 140% побрзо од 60Hz освежување кое претставува индустриски стандард, а со самото тоа екранот е за 60 проценти побрз во споредба со првата генерација од семејството Edge. Уредот пристигнува со ултрабрзиот Qualcomm Snapdragon 870 чип и интерна меморија од 256 GB.

Може да бидете и 30 часа на 5G мрежа без потреба да го полните телефонот. TurboPower 30 ви дава 9 часа дополнителна сила со само 10 минути полнење.

Motorola Edge 20 е еден од најтенките 5G телефони во светот со дебелина од само 6,99 мм.

Извор: B92.net