Основачот на Microsoft, Бил Гејтс во неодамнешното интервју оцени дека Стив Џобс бил генијалец.

Бил Гејтс во неодамнешното интервју проговори за почетоците на неговата компанија, како и за вакцините, а преговори и за неговите ривали во технолошкиот свет, меѓу кои беше и основачот на Apple, Стив Џобс.

Гејтс иако смета дека Стив Џобс бил многу „потврд“ од него, призна дека му се восхитувал на неговиот потфат и реформите во Apple откако се врати во компанијата.

„Џобс беше генијалец, посебно ако се земе во предвид се што направи кога се врати во Apple. Никој не можеше да го направи тоа што го направи тој. Јас сигурно не можев“, изјави Бил Гејтс.

„Тој навистина беше волшебник што се однесува до мотивацијата на луѓето, додека јас бев помал волшебник кој не можеше да маѓепса, но го разбираше начинот на кој тоа го правеше. Искрено, бев неверојатно љубоморен“, изјави Гејтс.

Извор: B92.net