Често се зборува за крајот на светот и судниот ден, но еден физичар навистина пресметал како, не само Земјата туку и целата вселена би можеле едноставно да исчезнат.
Речиси и да не постои генерација во човечката историја која што не се запрашала кога ќе дојде крајот на светот и како тоа би изгледало.
Сите досега претставени датуми за крајот на светот биле неточни, но еден теориски физичар предвидел нешто значајно – како ќе изгледа смртта на целата вселена.
Мат Каплан е теориски физичар кој што направил предвидувања кога ќе настапи смртта на целата вселена.
Каплан тврди дека крајот на вселената ќе настапи во текот на наредните неколку билиони години.
Своето предвидување го објавил во истражување, наречено „Црна џуџеста супернова во далечна иднина“, кое што го објавил во списанието „Monthly Notices of Royal Astronomical Society“.
„Тоа ќе биде тажно, осамено и ладно место. Познато како ”смрт на топлината” каде што целата вселена ќе е составена од црни дупки и согорување на ѕвездите“ – појаснил Каплин.
„Ѕвездите со маса од околу 10 пати помала од Сонцето немаат доволна гравитација или пак густина да произведат железо во своите јадра, онака како што тоа го прават масивните ѕвезди, па тие сега не можат да експлодираат како супернови.
Како што ”белите џуџиња” се ладат, во текот на наредните неколку билиони години ќе станат се помалку сјајни и со текот на времето ќе замрзнат и ќе станат ”црни џуџиња” кои што повеќе нема да сјаат“ – вели Каплан.
Кога ќе успеат да произведат доволно жлезо тоа ќе ги натера да експлодираат како супернови, но според Каплан тоа ќе се случи далеку во иднината.
„Тие можеби ќе бидат последните супернови. Дотогаш ќе исчезнат галаксиите, црните дупки ќе се распрскаат, а експанзијата на вселената останатите објекти ќе ги развлече толку далеку, што повеќе нема да можат да се воочат нивните експлозии.
Физички, нема да биде можно светлината да патува толку далеку“ – појаснил Каплан.
Извор: Zimo.hr