Поголемиот дел од истражувањата кои што досега биле направени донеле заклучок дека само 10 до 20 отсто од луѓето стекнуваат антитела.

СЗО соопшти дека човештвото не е ниту блиску до тоа да има ниво на имунитет на Ковид-19 кој што би бил неопходен за стекнување колективен имунитет каде што доволен број од светската популација би имала антитела и би се запрело ширењето на заразата.

Колективниот имунитет вообичаено се постигнува со вакцинација и поголем дел од научниците проценуваат дека најмалку 70 отсто од популацијата мора да има антитела за да се спречи емидемијата.

Сепак, некои од експертите сугерираат дека заштитен ефект би се добило дури и доколку половина од популацијата стекне имунитет.

Таквата теорија ја отфрлил член на СЗО Мајк Рајан, велејќи дека не треба да живееме со надеж дека ќе стегнеме колективен имунитет, пренесува АП.

„Како глобална популација не сме ниту блиску до стекнување на колективен имунитет,кој што е неопходен за запирање на ширењето на оваа болест.

Тоа не е решение кое што треба да го бараме“ – изјавил тој на конференцијата.

Извор: Srbija Danas