За време на престојот во Сан Франциско, каде што присуствував на официјалното претставување на Samsung на револуционерниот Galaxy Fold и новите модели од Galaxy S10 серијата, имав прилика да испробам уште една несекојдневна иновација.

Се работи за едно од ланецот кафулиња Cafe X, лоцирани на различни локации низ Сан Франциско, каде што кафињата ги подготвува никој друг освен робот, во целосно автоматизиран процес. Додека го подготвува кафето, симпатичниот робот танцува и ги забавува клиентите, а на крајот на подготовката и ги поздравува. Од големиот избор на кафиња и пијалоци, го пробав првото роботско кафе Latte, кое како направено од робот, беше одлично.

Во продолжение погледнете го видеото од процесот на подготовка и танцот на роботот:

ВИДЕО: Никола Бурагев