Златната купола на планетариумот на Snøhetta ќе биде орбитирана од седум “меѓуѕвездени кабини”, како дел од најголемиот астрономски објект во Норвешка. Архитектонското студио Snøhetta ги претстави дизајните за Solobservatoriet, кој треба да биде изграден на местото на сегашната опсерваторија.

Институтот The Tycho Brahe, именуван по данскиот научник од 16-тиот век кој ја основал модерната астрономија за набљудување, ја потврди изградбата. Кога ќе биде комплетен, објектот што првенствено ќе ја следи метеорската активност, земјотресите и климатските гасови, ќе биде најголемиот од ваков вид северно од Алпите.

Лоциран на 580 метри надморска височина во шумите Harestua, триеталниот небесен театар ќе биде половина вкопан во земја, опкружен со жив покрив.