Renault неодамна призна дека размислува за менување на батериите на електричните автомобили 

Францускиот производител со овој проект започна уште во 2010 година, но брзо го затвори. Во меѓувреме, кинескиот производител Nio во Норвешка започна со продажба на својот теренец ES8 и најави изградба на четири станици за промена на батериите на возилото. Принципот е едноставен, доаѓате во одредена зона со возилото и вашата батерија автоматски се заменува, празна со полна.

Сега од Geely, компанијата која е сопственик на Volvo, Nia и Beijing Electric Vehicle, најавуваат изградба на голема мрежа на станици за замена на батериите на електрични возила. До 2023 година се очекуваат 200 станици, а потоа многу скоро уште 1.000 нови.

Geely станиците ќе овозможуваат замена на празните батерии за точно една минута. Тоа е помалку од времето што се поминува за полнење гориво на една бензинска пумпа. Проширувањето на мрежата започнува на 1. ноември.

Извор: Додај Гас