Минатата година Instagram почна да додава некои опции кои се слични на Snapchat, кои послужија за доведување на пријателите на профилот, покажувајќи ја на камерата нивната Instagram апликација. Сега, по краток период на тестирање и испитување, широко се лансираат QR кодовите кои ќе работат идентична функција, но со една клучна разлика – луѓето кои пробуваат да го пронајдат вашиот профил можат да ги погледнат преку било која апликација за камера која може да чита QR кодови.
Instagram изгледа сериозно почна да ја сфаќа својата конкуренција, штом редовно работи на подобрување на својата популарна апликација. Покрај најавата дека ќе имплементира чет со Facebook Messenger, сега ни доаѓа уште една новина врзана за пребарување на профилите. Секој профил ќе има свој QR код, кој ќе можете да го сликате со било која апликација за скренирање QR кодови.
Без оглед дали само сакате брзо да се поврзете со новите позананици, или полесно да комуницирате со нови луѓе, QR кодот значително ќе ги олесни многуте сегменти на пребарување на профилите. За да го пронајдете својот QR код, само погледнете во менито на својот профил и почнете да ја користите оваа нова опција.
Поврзани артикли