Samsung Galaxy Z Fold2 е претставен на неодамнешниот Samsung Unpacked настан, но не се објавени целосните детали за уредот. Се очекува јужнокорејската компанија информации за остатокот од спецификациите и цената на уредот да понуди на настанот закажан за 1. септември.

Во меѓувреме се појави ново видео, кое прикажува некои софтверски трикови и хардверот на уредот. Прикажан е прв увид во Flex Mode, кој дебитираше на Galaxy Z Flip моделот, за сега пристигнува и на Z Fold 2, благодарение на редизајнираниот систем со шарка за преклопување, која овозможува нови позиции на свиткување.

Flex Mode е можно да се види во акција во рамките на split camera апликацијата, која има менија и подесувања во долната половина, додека горниот дел е резервиран за viewfinder. Тука е и увидот во 6,2-инчниот надворешен дисплеј, како и подесувањето за 120Hz освежување на дисплејот.