Во иднина, feed-от на TikTok може да се прошири со нови функции што ќе го олеснат локалното пребарување и купување.

Една таква нова опција, која се тестира на пазарот во неколку азиски земји, се однесува на наоѓање содржина во близина на корисникот, а се нарекува „nearby“.

Оваа опција се наоѓа на главниот екран веднаш до постојните опции „following“ и „for you“. Додека тие feed-ови ја прикажуваат содржината на корисниците што ги следат, односно содржината за која алгоритмот смета дека на корисниците може да им биде интересна, новиот извор ќе прикажува локална содржина.

Најновото истражување, спроведено од Google, покажува дека младите кога бараат нешто не се свртуваат толку кон пребарувачот Google колку кон социјалните мрежи како TikTok и Instagram. Новата опција за прикажување локални содржини е наменета за вакви корисници, бидејќи сега при пребарувањето на пр. ресторани, кафулиња, клубови и слично, прикажуваат содржини лоцирани во нивна близина.

Според експертот за социјални медиуми Брендан Гахан, „nearby“ на TikTok може да заземе добар дел од пазарот од компании како Google, Instagram, Yelp и други.

Покрај споменатата новина, TikTok тестира уште една опција на одредени пазари за својот feed – „shop“. Преку тој feed, корисниците можат да пребаруваат и купуваат различни производи, па можеме да претпоставиме дека со текот на времето таков feed специјализиран за купување на оваа социјална мрежа ќе стане достапен за сите корисници.